Бислимоски: Евтина струја до 10. декември ќе имаат најголем дел од домаќинствата

Бислимоски-Евтина-струја-до-10-декември-ќе-имаат-најголем-дел.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Евтината тарифа почнува со примена од 1 декември од 13 до 15 часот, и во првите десет дена од декември најголем дел од домаќинствата ќе имаат пристап до неа, објави првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.


Тој рече дека евтината тарифа ќе биде одлична вест за граѓаните, особено за пензионерите кои кажале дека многу им помага во нивниот стандард.

Бислимоски, одговарајќи на прашањата на новинарите уверуваше дека евтината тарифа ќе стартува беспрекорно бидејќи се’ што досега РКЕ кажале било реализирано.

Претходно електродистрибуција информираше дека евтината тарифа во декември ќе им биде достапна на домаќинствата што имаат дигитални броила и на оние што ќе дозволат сетирање за новата тарифа.

Според информациите, дигитални броила имаат околу 200.000 корисници и тие компјутерски ќе бидат сетирани и автоматски ќе ја користат евтината тарифа од 1 декември, додека останатите тогаш ќе почнат да се сетираат и се очекува сетирањето да се заврши до крајот на месецот.

„Ги замолувам сите граѓани броилата да бидат достапни, да може нашите читачи да ги прочитаат бидејќи во текот на читањето се прави сетирањето на броилата. Сите оние што ќе бидат достапни во текот на декември ќе бидат сетирани“, рече пред околу еден месец директорот на електодистрибуција, Сашо Салтировски.

Евтината струја преку ден беше укината од 1 јануари 2022 година кога беа воведени блок-тарифите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK