Бесими на средба со германската амбасадорка, разговарано за зајакнување на економската соработка


Бесими на средба со германската амбасадорка, разговарано за зајакнување на економската соработка - МИА

Скопје, 15 септември 2020 () – Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска оствари средба со германската амбасадорка Анке Холстеин со која разговараше за можностите за натамошно зајакнување на економската соработка со посебен акцент за поврзување на домашните компании со партнери од Германија. 



Бесими, како што соопшти Министерството за финансии, ги потенцирал приоритетите на Владата кои се во насока на постигнување забрзан и одржлив економски раст преку зголемување на конкуретноста на македонската економија, вложување во истражувањата, иновациите и човечкиот капитал, за што добил потврда од германската амбасадорка дека поддршката од германската страна ќе биде во насока на владините приоритети. 

На средбата станало збор и за билатералната финансиска соработка што се реализира преку Банката за развој KфВ и преку техничката соработка спроведувана од страна на Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ.

Двете страни се согласиле дека концептот на дуално образование што во моментот се реализира во Северна Македонија, а е поддржан од германската Влада и Германско-македонската стопанска комора, е модел што дава резултати и е добра основа за младите да останат во државата. 

Министерот Бесими се заблагодарил за поддршката што Германија, во континуитет, ѝ ја даваше на земјава во процесот на полноправно членство во НАТО, како и за поддршката во процесот на приклучување кон Европската унија. 

Сојузна Република Германија е најзначен трговски партнер на Северна Македонија.


Вести

Починаа 32 пациенти, 820 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-279, Куманово-49, Штип-39, Прилеп-15, Тетово-42, Струга-33, Велес-19, Битола-58, Охрид-24, Кавадарци-34, Гостивар-37, Гевгелија-25, Струмица-25, […]

Бизнис и економија

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години

– Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има […]

Вести

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии

– Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*