Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот иста


Анализата за екстра лесното готова, содржи три мерки што треба да се преземат како сет - МИА

– Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 отсто.



Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59, а ЕУРОСУПЕР БС-98  ќе се продава за 61 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) остануваат 50,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,109 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 26,754 денари.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намаленат референтна цена на бензинот во изминатите седум дена во просек за околу 2,515 отсто, зголемената кај дизелот за околу 0,074 отсто, како и за 0,006 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.


Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Бизнис и економија

КСС: Недела неработен ден без правење хаос во Законот за работни односи

– Конфедерацијата на слободни синдикати предупредува дека со Предлог-измените во Законот за работни односи со кои недела треба да се прогласи за неработен ден ќе се направи хаос бидејќи со подзаконски акти ќе се утврдува […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис и економија

ССМ: Измените во ЗРО не одат во прилог недела да биде неработен ден

– Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека предложените измени во Законот за работни односи од страна на Министерството за труд и социјална политика не одат во прилог на тоа недела да биде прогласена […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*