Бензините поевтинуваат за половина, а дизелот за еден денар



ript>

– Бензините од полноќ поевтинуваат за половина денар, а дизелот и Есктра лесното масло за домаќинство за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.


 

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 58 денари, а  Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 60 денари за литар. Дизелот од полноќ ќе се продава по цена од 49,5 денари по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство по 49 денари.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,107 ден по килограм и ќе изнесува 25,831 ден по килограм.

Поевтинувањето се должи на намалувањето на нафтените деривати на светските пазари во изминатиот седумдневен период.