Бектеши: Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50% намалени давачки




Сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата на Северна Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од една година да се регистрираат во земјата со намалени давачки за 50% од утврдената вредност на сите давачки, кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук.

📣 Automjetet me targa të huaja do të mund të regjistrohen me 50% tarifë të ulur.

✅ Të gjitha automjetet që kanë hyrë…

Posted by Kreshnik Bekteshi on Tuesday, 24 November 2020

„ На предлог на Министерството за економија, Владата денеска го усвои Предлог-законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата на Република Северна Македонија.

Предлог-законот стапува на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службен весник, по усвојување од Собранието“ напиша Бектеши.