Бектеши: Намалувањето на младинската невработеност наш приоритет


Зголемување на капацитетите на младите за да се вклучат во претприемништво, зголемување на улогата на приватниот сектор во образованието за претприемништво и зголемување на поддршката на политики што ги подобруваат економските услови за младите од државата беше целта на настанот „Можности и бариери за младинско претприемништво и вработување во приватниот сектор во Северна Македонија“, во рамки на проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образованието за претприемништво“ што се спроведува од страна на Институтот за европска политика (ЕПИ) и Младинскиот образовен форум (МОФ), а е поддржан од Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).

– Факт е дека невработеноста кај младите е голем проблем. Затоа, како Влада, го поставивме за приоритет намалувањето на младинската невработеност. Минатата година севкупниот процент на невработени го спуштивме под психолошката бројка од 20 проценти, a според последниот извештај невработеноста изнесува 17,8 проценти, што за Владата претставуваше импулс годинава за речиси три пати да го зголеми буџетот за поддршка на Оперативниот план за вработување, истакна министерот за економија Крешник Бектеши, додавајќи дека од аспект на вклучување на младите во претприемништвото, во 2018 година Владата ја усвои Стратегијата за МСП во која посебен акцент е ставен на поддршката на претприемништвото и иновациите.

Додаде дека претпријатијата многу ретко одржуваат тесни врски со образовните и научните институции и истражувачките центри, и тој недостиг, како што рече, мора да го надоместиме.

Ангел Мојсовски од Европскиот институт за политики (ЕПИ) истакна дека проектот поддржан од CIPE се состои од два дела: подигнување на капацитетот на младите за претприемиништвото, додека пак, другиот дел е истражување за подобрување на економските услови.

– Статистиката покажува дека невработеноста во државата се намалува и моментално таа изнесува 20,7 отсто, додека младинската невработеност изнесува 45,4 отсто. Нашите испитаници утврдија неколку фактори што придонесуваат кон погоре утврдената состојба: работодавците и нивниот пристап кон вработувањето; јазот помеѓу понудата на работната сила и барањата на пазарот и недоволната соработка помеѓу клучните чинители, вклучувајки ги владините институции, образовните институции и бизнисите, односно работодавците“, претстави Мојсовски дел од наодите во анализата.

Универзитетскиот професор на Универзитетот на ЈИЕ Фатмир Бесими ја нагласи потребата од фокусирање кон претприемништвото.

– Забележав дел од податоците што денеска беа презентирани како резултат од направената студијата, кои мора да ги имаме превид. Дури 57 проценти од младите чекаат вработување надвор, на меѓународните пазари на труд. Што се однесува до нивото на невработеност кај младите во државата, тоа во блиска иднина очекувам да се трансформира, потенцираше Бесими.

Во рамки на настанот за победниците од Школата за претприемништво „Од идеја до стартап“ се предвидени награди и сертификати.


Вести

Нови 628 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 531 пациент

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 628 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-353, Куманово-33, Штип-13, Прилеп-36, Тетово-33, Струга-11, Велес-34, Битола-28, Охрид-17, Кавадарци-7, Гостивар-7, Струмица-20, Крива […]

Членовите на избирачките одбори ќе добијат за сто проценти повисок надоместок, одлучи ДИК - МИА
Вести

ДИК ги потврди новите пратеници во Собранието

– Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, Рина Ајдари за ИЕ6 од ДУИ, Мирослав Јовановиќ и Лидија […]

Вести

Извештај на ИЈЗ: Речиси половина од инфицираните со Ковид од земјава се од Скопје, најголем дел на возраст од 30-39

– Според извештајот на Институтот за јавно здравје, за период од 19 до 25 октомври, тестирани биле вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Забележано е зголемување […]