Бектеши на претстојниот COP28 ќе ја презентира Инвестициската програма за енергетска транзиција на Северна Македонија

Бектеши-на-претстојниот-COP28-ќе-ја-презентира-Инвестициската-програма-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за економија како координатор од Владата е во завршна фаза на изработка на Инвестициската платформа за енергетска транзиција (Just Energy Transition Investment Platform JETIP), информираат од таму.


Инвестициската програма (план) ги обработува предлозите на Владата, ги идентификува потенцијалните области за инвестиции и техничка помош на Мултилатералните банки и го вклучува потенцијалот за мобилизирање на дополнително кофинансирање од билатерални, мултилатерални и приватни извори.

Министерот за економија Крешник Бектеши на претстојната 28-та меѓународна конференција на Обединети нации за климатски промени -COP28 која годинава ќе се одржи од 30 ноември до 12 декември 2023 година во Дубаи, Обединети Арапски Емирати ќе ја презентира Инвестициската програма на Северна Македонија.

Во моментот, како што информираат од министерството, планот е во изработка и се очекува во средина на декември да се одржат јавните консултации за истиот. Податоците (од финансиски аспект и инвестициски проекти) се уште во работна верзија и согласно сегашните активности и временски рамки, планот се очекува да биде финализиран и усовоен до крајот на јануари 2024 година.

Инвестицискиот план претставува деловен план што го развива и поднесува Владата на Република Северна Македонија во соработка со мултилатералните банки кои се партнери на Климатскиот инвестициски фонд, во овој случај: Европска банка за обнова и развој (ЕБОР – водство), Групацијата Светска Банка – СБ (Меѓународната банка за обнова и развој (МБОР) и Меѓународната Финансиска корпорација (ИФЦ)).

Инвестицискиот план е структурирана во три дела:

(1) Проекти во потенцијална пренамена на електраните кои работат на јаглен со дополнителни инвестиции во обновливи извори на енергија,

(2) Економска регенерација на Пелагониски и Југозападен регион и

(3) Енергетска ефикасност, чиста топлина и програма за децентрализирано производство.

„Северна Македонија е лидер во регионот во инвестиции во извори на обновлива енергија и поддршка на зелена транзиција.

Како држава имаме поставено амбициозна цел до 2030 година целосно да го намалиме и исклучиме користењето на јаглен за производство на електрична енергија.

Во последните неколку години со засилено темпо ја реализираме енергетската транзиција на државата која е силен сигнал ка меѓународните кредитори да дадат поддршка за целосно претруктурирање на македонскиот енергетски систем кон зелена енергија“, се истакнува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK