AUTODESK БЕСПЛАТНИ ВЕБИНАРИ


Серија бесплатни Autodesk вебинари во областа на архитектурата, градежништвото, проектирањето, внатрешниот дизајн, 3D дизајнирањето и филмската индустрија ќе се одржат од 22 до 28 април во организација на Autodesk авторизираниот тренинг центар Семос Едукација и Smart Solutions.


 

Овие вебинари се одлична можност  сите оние кои работат или учат за производство, архитектура, градежништво, медиуми, забава, дизајн и сл. да разменат искуства и знаење со сертифицирани Autodesk тренери кои детално ја познаваат примената на најмоќните Autodesk алатки 3DS MAX, AutoCAD, Maya, Arnold, Revit, Inventor и Fusion 360.

„Целта е да ги поттикнеме сите заинтересирани да работат на својот професионален развој. Првиот серијал вебинари од ваков тип предизвика огромен интерес што ни покажа дека луѓето се фокусираат ограничувањата наметнати од пандемијата да ги претворат во корисно поминато време и стекнати нови знаења.“ – велат организаторите.

За Autodesk е познато дека прави софтвер за луѓето кои прават од ништо – нешто! Оттука, сите оние кои сакаат да се предизвикаат себеси и да направат нешто, имаат можност да се пријават на еден од четирите бесплатни вебинари:

  • Autodesk for Interior Design | 22 април 18:00h
  • Autodesk for product design & manufacturing | 26 април 18:00h
  • Autodesk for Media, Entertainment & Film Industry manufacturing | 27 април 18:00h
  • Autodesk for Architecture, Engineering & Construction | 28 април 18:00

Првиот чекор  е да го резервирате своето место на webinars.semosedu.com