Арсовска: Губиме големи странски инвестиции, неопходна е посветеност на структурните реформи


– Во наредните две години сериозни инвеститори ќе вложуваат во регионот на Западен Балкан, но за да не ја избегнуваат Македонија потребно е итно спроведување на структурните реформи, истакна претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска по средбите со лидерите на водечките стопански комори на светските економии, САД, Русија, Велика Британија, кои ги оствари во Париз на годишниот состанок на World Chambers Federation WCF.

Таа е првиот избран претставник од земјава, во раководството на World Chambers Federation WCF, единствениот глобален форум кој застапува над 12.000 стопански комори. На состанокот на раководството на коморите Арсовска, оствари повеќе значајни билатерални состаноци на кои беа дискутирани позициите за влез на нови инвестиции во нашата земјата.

-Сериозни инвеститори планираат да го насочат својот капитал и да ги реализираат предвидените проекти за следните две години во земјите од Западен Балкан. Со оглед на нашата позиција како земја, единствена во регионот со член во раководството на WCF, Македонија има можност за позиционирање како дестинација за реализација на крупни инвестициски проекти. Генералната слика и покрај тоа што стратешки сме добро геопозиционирани, е дека моменталната политичко и социо-економска состојба во земјата е нестабилна, а поткопаната доверба во правниот систем и владеењето на правото, се одразуваат преку непредвидлив деловен амбиент и системска нефункционалност, кои се главните причини кои ги одвраќаат инвеститорите, рече Арсовска.

Без посветување на спроведување на структурните реформи, потенцира, било какви стимулативни мерки кои ќе се понудат, не се доволно за инвеститорите да донесат одлука.

-Пропуштање на одлуки за големи странски инвестиции се пропуштена можност за остварување побрз економски развој, истакна Арсовска.

На решавање на овие проблеми кои ги одвраќаат странските инвеститори, додаде, треба сериозно и посветено да се работи, бидејќи дел од светски реномираните компании веќе ја разгледуваат и можноста за отпочнување проекти во Србија, наместо во нашава држава.

Арсовска е избрана за член на меѓународната група за подготовка на економските политики и препораки на петнаесеттиот Самит на лидери на Влади на Г20 кој оваа година во октомври ќе се одржи во Ријад.

На овогодишната средба во Париз лидерите на стопанските комори дискутираа и за светските економски движења, со фокус на справување со глобалните предизвици, модернизирање на глобалниот трговски систем, како и дизајнирање на нови модели на глобално управување што ќе придонесат за просперитетен и унифициран дигитален екосистем.

Светската Коморска Федерација како единствен глобален форум кој ги обединува стопанските комори од целиот свет, го претставува гласот на деловната заедница во најрелевантните светски организации како ООН, Г20, Светската трговска организација, како и Европската банка за обнова и развој.

Раководството на Светската коморска федерација со седиште во Париз, секоја година ја објавува глобалната агенда на различен континент, во 2018 година во Дубаи, минатата во Русија, а годинава во Франција. 


Вести

Запленетиот кокаин во Крушопек, дел од голема количина со крајна дестинација во земјава 

– Еден килограм запленет кокаин, кој бил дел од многу голема количина дрога, чија крајна дестинација била нашата земја, приведени четири лица, отворање финансиска истрага за правното лице во чии простории е пронајдена дрогата, истрага за […]

Вести

Али Ахмети и Џелал Бајрами ќе сведочат во „Монструм“

– По Зоран Заев и Гордана Јанкулоска, кои како поранешни високи функционери сведочеа во судскиот предмет „Монструм”, денеска на рочиштето за петкратното убиство кај Смилковското Езеро треба да сведочи и претседателот на ДУИ, Али Ахмети. […]

Вести

Почнува судењето за организаторите на „27 април”

– Судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието, почнува денеска пред Кривичниот суд во Скопје. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски […]