Апостолска: Македонија ќе биде домаќин на вториот „Светски конгрес на претприемачи”

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, вчера во име на Владата на Република Македонија во Загреб со Меѓународниот економски форум „Перспективи” од Дубровник, Република Хрватска, потпиша „Протокол за партнерство и соработка”, со кој се прифаќа иницијативата Република Македонија да биде земја домаќин на вториот „Светски конгрес на претприемачи” во 2019 година.

Како што соопштуваат од кабинетот на министерката, со прифаќањето на оваа инцијатива се очекува надградба на деловниот имиџ на Македонија, како земја која е посветена на економскиот развој и унапредувањето на претприемачките слободи.

На овогодишниот прв „Светски конгрес на претрпемачи“, што се оддржува од 4 до 7 декември во Загреб, партиципираат над 600 учесници, сопственици на компании, претприемачи, менаџери, политичари, претставници на академската средина од десетина земји од југоисточна и средна Европа.

Министерката Апостолска на потпишувањето истакна дека регионалните иницијативи на бизнисот, што се фокусирани на развивањето и промоцијата на претприемачката култура, секогаш внесуваат позитивен импут во економскиот амбиент на државата.

„Со изразената волја на Владата на Република Македонија да го поддржи одржувањето на следниот Светски конгрес на претприемачи непосредно се вклучуваме во воспоставувањето на партнерски односи и соработка меѓу бизнис заедниците од регионот на Централна и Источна Европа, затоа што сме уверени дека развивањето и унапредувањето на економската соработка е важна за развојот на секоја земја“, рече Апостолска.

Претседателот на Управниот одбор на Меѓународниот економски форум „Перспективи“, Винко Ќуро изрази благодарност до Владата на Република Македонија за прифатената инцијатива и притоа истакна дека на овој начин ќе се овозможи и одличен регионален канал за промовирање на стопанството и претпремиништвото, како и на можностите за инвестирање во Македонија.

-Преку идентификување и промовирање на успешните претприемачи, добри претприемачки пракси и креативни проекти, квалитетни и иновативни производи и услуги, нови  технологии, нови маркетинг трендови и ИК-технологии, овој конгрес за македоноските стопаственици и претприемачи наредната година ќе понуди одлична можност за унапредување на пазарната комуникација, рече Ќуро.

Овој Конгрес, како што соопштуваат, е резултат на работата на „Регионалниот самит на претприемачи на средна и Југоисточна Европа – 300 најдобри“, што традиционално се оддржува во Дубровник, Република Хрватска, и произлегува од иницијативата на делегати-претприемачи од Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Норвешка, Германија, Србија, Словенија и Швајцарија.


Вести

Собранието ги разреши Тевдовски, Фазлиу и Лика

Собранието вечерва ги разреши од функцијата министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и министерот без ресор задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика. Министрите беа разрешени со мнозинство гласови. […]

Вести

Вкупно 12 повредени при експлозија на гас во станбена зграда во Виена (ДПЛ)

Вкупно 12 лица се повредени попладнево при експлозија на гас во една петкатна станбена зграда во австрискиот главен град Виена, соопшти вечерва локалната полиција. По експлозијата се урнал дел од зградата, поради што останатите станари […]

Вести

Финансиска полиција: Акцијата во Љуботен наменета против нелегалниот увоз на тутун

Управата за финансиска полиција денеска преку соопштение информира дека вчерашната акција спроведена во селата Љуботен, Сингелиќ, Визбегово и Арачиново била наменета против нелегалниот увоз, производство и трговија со недозволената сорта тутун „вирџинија“, а не била […]