Ангеловска на „Woman in Tech“: Кризата донесе можности за жените претприемачи и дигитализацијата  


Ангеловска на „Woman in Tech“: Кризата донесе можности за жените претприемачи и дигитализацијата   - МИА

Скопје, 29 мај 2020 () – Оваа Ковид-19 криза донесе големи предизвици, но истовремено и можности за технологиите и жените претприемачи и треба да се искористи за да ги направиме работите подобри во иднина, порача министерката за финансии Нина Ангеловска на виртуелната меѓународна конференција организирана од „Women in Tech“ на панел со тема „Дипломатската визија да се охрабрат жените во науката, технологијата, инженерство и математиката“.

Ангеловска, како што соопшти денеска Министерството за финансии, посочила дека дигиталниот е единствен начин за развој и за одење напред.

– Дигиталниот е единствениот начин за развој, за одењето чекор понатаму. Веќе ја немаме можноста да бираме дали ќе работиме на традиционален или дигитален начин, сега сите мора да се адаптираат. Ова мора да се искористи мудро, особено од страна на жените претприемачи. Оваа пандемија ќе заврши – а кога ќе заврши, од нас зависи колку попаметно, поефективно и подобро ќе функционираме. Се ќе зависи од тоа колку брзо ќе се адаптираме на ситуацијата. Вработените, граѓаните и фирмите ќе имаат нови способности, нови бизнис модели ќе се развијат, голем дел ќе се променат, а технологијата дефинитивно ќе одигра клучна улога во сето тоа, во секоја дејност и економија во светот,  рече Ангеловска.

На виртуелната меѓународна конференција „Жени во технологијата“ учествуваа  150 говорници од 60 земји од светот. Ангеловска, инаку е една од првите седум амбасадорки на дигитална трговија на УНКТАД – телото на Oбединетите Нации за трговија и развој.


Потврдени 103 нови случаи со Ковид-19, починати пет, оздравени 13 пациенти - МИА
Вести

Регистрирани 115 нови случаи на КОВИД-19 и седум починати

Скопје, 5 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети […]

Вести

Продолжува претставувањето на изборните понуди на партиите пред граѓаните

Скопје, 5 јули 2020 () – Предизборната кампања на партиите за предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 15 јули е на средина. Тие своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на […]

Почнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со коронавирусот - МИА
Вести

Вкупно 3611 активни случаи со КОВИД-19, најмногу во скопски Чаир

Скопје, 5 јули 2020 () – Бројот на заразени со КОВИД-19 вчера се зголеми за 147, а со тоа вкупниот број активни случаи во земјава изнесува 3611. Новозаразените се од Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, […]