Ангеловска: Барајте и скенирајте фискални сметки, добивате поврат на ДДВ и се борите против сивата економија



Ангеловска: До 25 јули издадени над 300.000 домашни платежни картички - МИА

Скопје, 8 август 2020 () – Мој ДДВ веќе брои над 315.000 корисници. Барајте ги вашите сметки и скенирајте ги – не само затоа што остварувате право на поврат и може да добиете некоја од дневните и месечни награди туку и поради тоа што учествувате во борбата против сивата економија, против затајувачите!, порача во објава на Фејсбук министерката за финансии во заминување Нина Ангеловска.

Таа упатува на дел од пораките во МојДДВ #МојаНаграда:Со неиздавање на сметка вашите 5 или 18% продавачот ги зема за себе, наместо да бидат употребени за доброто на сите! И трговецот кој не го уплаќа вашиот ДДВ во буџетот го користи здравствениот и образовниот систем. Со неиздавање на сметка продавчот прави нелојална конкуренција на чесните продавачи кои си го плаќаат данокот!

-Со последните измени како одговор на ковид предизвиците беа направени промени во МојДДВ и #МојаНаграда Секој ден по случаен избор се доделуваат 20 награди x 1000 ден. и секој месец 15 награди x 20.000 ден. Повратот на ДДВ за македонски производи сега изнесува 20% и 10% за останатите.
Причина плус да ги одбереме домашните производи кога купуваме и со тоа да им помогнеме на домашните компании и македонската економија и причина плус да ги бараме секогаш и секаде нашите сметки и да го јакнеме даночниот морал. Сите можеме да придонесеме! Сега повеќе од било кога мораме да ја зајкнеме борбата со сивата економија која е штетна за нашата економија, за нашето општество, наведува Ангеловска.


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*