Анализа за ефектот од Ковид-19 врз работниците од неформалната економија и привремено вработените


Анализа за ефектот од Ковид-19 врз работниците кои се дел од неформалната економија и привремено вработените работници, преку предлог мерки за нивна поддршка, ќе биде презентирана денеска на тркалезната маса „Дали неформалните работници останаа без економска вакцина во услови на Ковид-19?“, во организација на Аналитика тинк тенк.


 

 

Анализата е изработена во рамки на проектот „Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи на ниско-платени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници”, со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

 

Организаторите најавуваат дека настанот ќе го отвори министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, а проектот ќе го претстави Данче Даниловска-Бајдевска, програмска

директорка на Фондација Отворено општество – Македонија.