Alphabet заработува рекордна добивка со порастот на рекламите на Google



ript>

Сопственикот на Google Alphabet Inc објави повисока од очекуванита продажба на реклами, во третиот квартал. Ова е знак дека бизнисот ги надминува новите ограничувања, за следење на корисниците на мобилни телефони и дека онлајн купувањето е исто толку популарно како и во празничната сезона.


 

Преку својот пребарувач, видео услугата YouTube и партнерствата на Интернет – Google продава повеќе интернет реклами од која било друга компанија. Побарувачката за неговите услуги се зголеми во изминатата година бидејќи пандемијата ги принуди луѓето да поминуваат повеќе време на интернет.

Приходите од рекламите на Google се зголемија за 41% до 53,1 милијарди долари во текот на третиот квартал. Вкупната продажба на Alphabet скокна на 65,1 милијарди долари, над просечната проценка од 63,3 милијарди долари меѓу аналитичарите кои ги следи Refinitiv.

„Преместувањето на потрошувачите кон дигитално е реално и ќе продолжи дури и кога ќе почнеме да гледаме дека луѓето се враќаат во продавниците“, вели Филип Шиндлер, главен бизнис директор на Google.

Кварталната добивка беше 18,936 милијарди долари или 27,99 долари по акција, надминувајќи ги очекувањата од 24,08 долари по акција и бележејќи трет по ред квартал на рекордна добивка. Добивката на Alphabet е предмет на големи флуктуации бидејќи сметководствените правила бараат компанијата да ги мери нереализираните добивки, од нејзините инвестиции во стартап како приход.

Вознемиреноста на потрошувачите околу тоа како Google и другите компании го користат нивното однесување при прелистување, за да ги профилираат и потоа изберат кои реклами да се прикажуваат, стана широко распространета. Во најновиот предизвик, Apple Inc, чии iPhone уреди сочинуваат половина од паметните телефони во Соединетите држави, им даде на своите корисници поголема контрола. Промената ги натера огласувачите да ги рехалибрираат своите трошоци на начин на кој конкурентите на Google Snap Inc и Facebook Inc сметаат дека им наштети на нивната продажба во третиот квартал.

Главниот финансиски директор на Alphabet, Рут Порат, објави „скромно влијание“ врз продажбата на реклами на YouTube од напорите на Apple. Но, аналитичарите рекоа дека Гугл во целост бил помалку погоден од неговите колеги бидејќи неговиот пребарувач собира податоци за интересите на корисниците кои се вредни за огласувачите и не се споредуваат во индустријата.

„Тие се речиси целосно имуни на промените на Apple“, вели Колин Колбурн, аналитичар во технолошкиот консултант Форестер.

Вкупните трошоци на Alphabet се зголемија за 26% на 44,1 милијарди долари во третиот квартал, а работната сила на компанијата надмина 150.000 вработени.

Акциите на Alphabet ги надминаа оние на многу големи врсници од крајот на минатата година, зголемувајќи се за околу 57%. Мајкрософт порасна за 39%, Facebook 20% и Amazon 2% во истиот период.

Но, акциите на Alphabet тргуваат со благ попуст на Facebook, број 2 на интернет продавачот на онлајн реклами. Фејсбук тргува со 6,8 пати повеќе од очекуваниот приход во следните 12 месеци, во споредба со 6,4 пати за Alphabet.

Инвеститорите, исто така очекуваат дополнителни промени во бизнисот на Google, како резултат на регулаторна контрола. Американските и другите власти тврдат дека некои од практиките на компанијата во рекламирањето и пребарувањето се антиконкурентни, иако компанијата тврди дека тие се во корист на корисниците. Во една отстапка до критичарите минатата недела, Google рече дека ќе ги намали дел од надоместоците што ги собира од апликациите на својата продавница за апликации Play, почнувајќи од следната година.

Но, овој потег може да заврши со генерирање на нови приходи за Google ако ги наведе компаниите како што е музичката Spotify Technology, да почнат да продаваат претплати преку нивните апликации и да дадат на Google 10% до 15% од сумата.