Ако не се креираат услови за избор на најдобар економски оператор, Законот за јавни набавки нема да даде резултат, порачува бизнис заедницата 


– Тотално ќе биде небитно што донесовме добар Закон за јавни набавки, ако не креираме услови за избор на најдобар економски оператор, им порачаа  компаниите на вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната работна средба во Стопанската комора на Македонија.


 

Како што истакна претседателот на Здружението за градежништво при Комората, Андреа Серафимовски, јавните набавки во моментов не се на посакуваното ниво, не се спроведуваат согласно Законот и ја немаат целта која ја има законското решение.

-Всушност, сега доаѓаме до потешкиот дел во однос на Законот за јавни набавки – како да креираме услови за избор на најдобар економски оператор. Тука како држава ги имаме најголемите проблеми. Сите треба да се потрудиме Законот да профункционира. Не е доволно да имаме добра законска рамка, туку треба да имаме добар систем кој ќе кохабитира кон рамката, а не да дисперзира. Во моементов градежништвото дисперзира и каков закон за јавни набавки да се донесе. Значи, како да креираме услови за избор на најдобри економски оператори, тоа ќе биде најтешкиот дел што претстои во однос на имплементирањето на Законот. Тотално е небитно што донесовме добар Закон и ќе имаме огромен неуспех ако што побрзо не се приклучиме кон креирање услови за добивање на јавните набавки, напомена Серафимовски.

На работната средба беа отворени повеќе порашања од интерес за стопанството. Вицепремиерот Битиќи и министерот Бесими ја нагласија потребата од дијалог и партнерство со бизнис заедницата што, рекоа, веќе е пракса.

Битиќи уште еднаш напомена дека Владата интензивно работи на странските директни инвестиции, но и најави законско решение кое ќе гарантира највисоко ниво на мобилност на луѓе на пазарот на труд, без притоа да биде ставена во втор ред домашната работна сила.

-Наш императив е да го намалуваме бројот на невработени, но и на компаниите да им овозможиме лесно да најдат специфична работна сила. Тоа го работиме заедно со стопанските комори, нагласи Битиќи.

Од средбата беше упатен апел Собранието да не ги кочи економските закони, туку побрзо да ги донесе за да се имплементираат што поскоро мерките од петтиот пакет за помош