А1 Македонија со нова припејд понуда



10 GB за сите нови припејд корисници на А1

Компанијата А1 лансираше најатрактивна припејд понуда на пазарот, со која сите нови корисници на припејд услуги добиваат 10 GB интернет.

Поаѓајќи од зголемената потреба од гигабајти, неопходни за комуникација, забава и нови возбудливи доживувања, А1 Македонија креираше понуда која ќе ги задоволи токму овие потреби на корисниците.

Имено, со активација на А1 Припејд СИМ –картичката од 299 денари или пак со А1 Duo од 399 денари, корисниците добиваат почетен пакет од 10GB интернет. Дополнително, покрај овие 10 GB интернет, сите нови припејд корисници на А1 добиваат и: неограничени разговори во мрежата на А1 во првата недела од активацијата, 50 денари кредит кој може да се искористи по желба на корисникот, како и активација на пакетот А1 Пријатели со кој 30 дена се добиваат бесплатни и неограничени разговори со сите А1 Припејд корисници.

 

Промотивните 10GB интернет можат да се искористат во првите 2 недели од активирањето на СИМ картичката. По истекот на промотивниот период наведените пакети автоматски се обновуваат и тоа месечниот пакет со 10GB интернет за 499 денари, неделниот пакет со неограничени разговори во А1 за 79 денари и месечниот пакет A1 Пријатели за 59 денари.

 

Постоечките А1 Припејд корисници можат да го активираат месечниот пакет со 10GB интернет преку испраќање СМС порака на 1410 со текст – „START MESECEN 10GB“ за 499 денари.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.


Вести

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Владата на денешната 7-ма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици […]

Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Бизнис и економија

Онлајн дискусија: За ефективни министри потребни се интегритет, работа и тим и вложување во администрацијата

– Три елементи се клучни за да понудиме резлтат во која било област што ја работиме – интегритет, работа и тим, потребно е и чувство дека како Министерство за одбрана сме дел од еден тим кој […]