Зукорлиќ: Потребна е нова влада и нов премиер


Зукорлиќ: Потребна е нова влада и нов премиер - МИА

Белград, 15 јули 2020 () – Претседателот на Партијата за правда и помирување (СПП), Муамер Зукорлиќ, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, рече дека му го пренел ставот дека на земјата и е потребна нова влада и премиер со многу поголем кредибилитет.


 

Зукорлиќ оцени дека сегашната влада го дала својот максимум.

Тој повтори дека СПП ќе биде сериозен фактор во владата или опозицијата.

– Не разговаравме за функциите, рече Зукорлиќ, додавајќи дека очекува повторно да се сретнат во наредните денови за да разговараат за тоа.

Тој изјави дека разговарале и за здравствената состојба во Санџак и додаде дека состојбата во тој дел на Србија е сè уште тешка и дека стапката на смртност е сè уште висока.