Зголемен бројот на случаи на Ковид-19 во Грција, но репродукцискиот индекс на вирусот сѐ уште е под нула


Зголемен бројот на случаи на Ковид-19 во Грција, но репродукцискиот индекс на вирусот сѐ уште е под нула - МИА

Атина, 16 јули 2020 () – Епидемиолошкиот индекс Р0, односно репродукцискиот број на коронавирусот во Грција останува под нула и во изминатата седмица бил 0,4 и покрај зголемениот број позитивни случаи во земјата, во просек 35 дневно, наспроти 25 една седмица претходно, јави дописничката на од Атина.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите ги соопшти последните податоци од седмичниот извештај за Ковид-19, истакнувајќи дека „епидемиолошката слика на Грција останува многу подобра од повеќе европски земји”, но додаде дека тоа, не смее да биде причина за опуштање.

Во периодот меѓу 8 и 15 јули, освен зголемување на просечниот број дневни случаи има зголемување и во Солун и Атина, во просек осум дневно.

-Се констатира зголемување на случаите, кое што се должи на увезените случаи, но и на внатрешната опуштеност. Ова доведе до зголемување на бројот на хоспитализирани лица, но остануваат на ниско ниво и најважното, не водат до загуби, рече Пецас и објасни дека значително е зголемен и бројот на тестови, во просек, во јули биле направени 5.000 тестови дневно, во кои се вклучени и тестовите во внатрешноста на земјата и тестовите што им се вршат на туристите.

За почитувањето и придржувањето кон мерките и правилата, портпаролот на грчката Влада повтори дека се интензивираат и инспекциите, а за прекршувачите се предвидени казни.

Пецас, на редовниот брифинг со новинарите соопшти дека директните летови од Шведска кон Грција ќе започнат два дена порано, односно на 20 јули, а не на 22 како што беше првично најавено.

Во однос на информациите во грчките медиуми дека Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција, предложила задолжителна употреба на маска во затворен простор, Пецас рече дека не постои таква препорака и станува збор за индивидуални ставови на дел од членовите.

Паралелно, најави дека секој вторник, заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас ќе одржува прес конференции што ќе се однесуваат на оперативните теми поврзани со коронавирусот.


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 139 случаи со Ковид-19, еден починат, 239 оздравени пациенти

Скопје, 12 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, […]

Преговорите за новата влада по Илинден, ЕУ очекува стабилна коалиција и силен Парламент - МИА
Вести

В петок, според СДСМ, Заев ќе го добие мандатот, Мицкоски за нови избори ако се исцрпат можностите за формирање влада

Скопје, 12 јуни 2020 () – На два дена до рокот за доверување на мандатот за состав на Владата, официјално нема договор меѓу партиите кои освоија најмногу пратенички места. Од СДСМ тврдат дека Заев е […]

Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно се уште трицифрен, да се почитуваат мерките за заштита

Скопје, 12 август 2020 () – Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.885 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Почина една 51-годишна пациентка од Скопје. Регистрирани се 161 […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*