Околу 18.30 часот земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди централна Хрватска.
„Денеска во 18 часот и 31 минута, сеизмографи на Сеизмолошката служба забележаа умерен земјотрес на 14 километри источно од Карловац. Земјотресот бил со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот е проценет на IV степен ЕМС скала“, соопшти Сеизмолошката служба на Република Хрватска.
Земјотресот бил почувствуван и во Загреб.