Заврши протестот во Белград: Опозицијата и даде рок на власта да ги исполни нивните барања за шест денови


Со повик до власта барањата на опозицијата да ги исполни во рок од шест денови, во спротивно седмиот ден ќе биде организиран уште поголем протест, заврши вечерашниот собир „Еден од пет милиони“ во Белград.

Последни на протестот говореа лидерите на опозицијата, кои бараат формирање на заедничка комисија на Владата и опозицијата за дефинирање на фер и чесни изборни услови, изборот на нов состав на Регулаторното тело за електронски медиуми и изборот на технички и уреднички тим на Радио-Телевизија на Србија иРадио Телевизија Војводина

Според, Зоран Живковиќ на протестот, кој мина мирно без инциденти, присуствувале 35.000 лица и е најголем по оној на 5 октомври.

Власта пак тврди дека на протестот имало околу 7.500 луѓе.

Вести

Новиот закон за ЈО утре во Собранието, власта очекува поддршка од опозицијата

Владата утре Предлог-закон за Јавно обвинителство ќе го прати во Собранието. Очекуваме своите ставови пратениците да ги кажат во законодавниот дом, а ако имаат забелешки и да поднесат амандмани. Градењето дво-третинско мнозинство ќе биде во […]

Бизнис

Бензините поевтинуваат за еден, а дизелот за половина денар

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно новите цени, ЕУРОСУПЕР […]

Вести

Одбиено барањето на Кочан за одложување на затворската казна

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан поради здравствени причини да му биде одложено издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за […]