Заменикот министер за животна средина на Грција си замина од настан во Турција поради изјавите на Ердоган


Грчката делегација предводена од заменикот министер за животна средина и енергија, Димитрис Иконому, во знак на протест ја напушти церемонијата за отворање на гасоводот ТАПАП во турскиот град Ипсала поради изјавите на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган околу договорот со Либија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за надворешни работи на Грција излегоа со соопштение во кое ги осудуваат изјавите и велат дека заминувањето на министерот било „природна последица и практична осуда на изјавите“.

-Жално е што турскиот претседател избра да претвори проект за мирна соработка во шоу на воена реторика и презир на меѓународниот легитимитет, велат од грчкото МНР.

Додаваат дека континуираните прекршувања од страна на Турција, некогаш во вид на закани, некогаш со практични прекршувања на меѓународното право, „ги поткопува стабилноста и интересите на сите народи во поширокиот регион“.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, Ердоган во обраќањето на свечената манифестација рекол дека договорот на Турција со Либија ќе помине од парламентот и ќе се спроведе и додал дека „некои сега ѝ се закануваат на Либија“, алудирајќи на Грција.

Заменикот министер за животна средина и енергија, Димитрис Иконому, за грчката телевизија „Скај“ рече дека за напуштањето на манифестацијата постоела одлука од претходно, доколку „Ердоган ги премине границите“.


Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Уште 109 случаи со КОВИД-19, еден починат и 422 оздравени

Скопје, 10 август 2020 () –  Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-16, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-4, […]