Неодамнешната турнеја на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на Балканот е уште една потврда за деструктивниот курс на северноатлантскиот блок со цел да се зголеми вклученоста на земјите од регионот во таа структура, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
„Престојот на Столтенберг во БиХ и Србија беше очигледно провокативен. Се обиде да се меша во внатрешните работи на Босна и Херцеговина, да наметне приближување на таа земја со евроатлантските структури. Тој упорно му предлагаше на Белград да се зголеми соработката, и покрај неутралниот статус на Србија. Ја обвини Русија за сите гревови, ги претстави работите како наводно да работиме на ширење дезинформации и дестабилизација на ситуацијата на Балканот. Во суштина ништо ново, всушност тоа е прераскажување на она со што тие самите се занимаваат“, рече Захарова.
Како што додаде таа, тоа се традиционалните техники на претставниците на Алијансата кои имаат за цел да ги заплашат нивните партнери со измислени закани кои доаѓаат од Русија.
Захарова го привлече вниманието на изјавата на Столтенберг за подготвеноста на блокот, како што рече, „да создаде безбедни услови за сите луѓе на Косово“, како што е предвидено со резолуцијата 12 44 на Советот за безбедност на ОН и да „преземе чекори за зголемување на бројот на силите за Косово“.
„Не е познат случај кога контингентите на НАТО ги заштитиле Србите од беззаконието на претставниците на приштинските власти, од нивните агресивни дејствија на северот на покраината. Поаѓаме од фактот дека НАТО треба да престане со политиката на дестабилизација на Балканот, да престане да наметнува свои правила и да создава нови линии на поделба. Како што покажува историјата, појавата на Алијансата на Балканот е секогаш придружена со несреќа, човечко страдање, уништување и воени злосторства“, рече Захарова, пренесува Спутник.