Задолжителен седумдневен карантин за сите кои пристигнуваат во Грција


– За сите оние кои во Грција ќе пристигнат на било кој начин и од било која земја, задолжителен е седумдневен домашен карантин, согласно министерската одлука од надлежните министерства и новите одлуки на Агенцијата за цивилно воздухопловство, што се во сила до 8 февруари, јави дописничката на МИА од Атина.



Паралелно, ќе се спроведуваат и брзи тестови за дел од патниците согласно предвидениот процес според податоците внесени во специјалниот формулар Passenger Locator Form за патување во Грција

Рапид тест ќе им се прави на сите патници кои пристигнуваат од Велика Британија, за кои се воведени посебни правила.

По истекот на седумдневниот карантин, потребно ќе биде да направат ПЦР тест и доколку е негативен, ќе заврши нивната домашна изолација, а во спротивно, карантинот ќе трае 14 дена.

За сите кои од странство пристигнуваат во Грција, задолжителен е негативен ПЦР тест, направен 72 часа пред патувањето.