За влез на државјани од трети земји, Грција ќе се води според листата на ЕУ


За влез на државјани од трети земји, Грција ќе се води според листата на ЕУ - МИА

Атина, 29 јуни 2020 () – Во однос на трети земји, вон Европската унија, Грција има цел да се движи врз основа на листата составена од ЕУ, додека до пак 15 јули нема да бидат дозволени директни летови од Велика Британија и Шведска, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, по состанокот што Кирјакос Мицотакис го одржа со надлежните министри од неговата Влада во пресрет на отворањето на туризмот на 1 јули, јави дописничката на од Атина.

Мицотакис посочил дека „целиот процес на отворање е динамичен и континуирано ќе се оценуваат податоците“.

Станало збор за начините на кои ќе се спроведува тестирањето на посетителите, за протоколите, како и за задолжителната обврска на туристите, 48 часа пред пристигнувањето во Грција да го имаат пополнето специјалниот образец.

Заедничка констатација, како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, било дека е дека е направена правилна подготовка на сите нивоа, за да постои максимална безбедност и за посетителите и за локалното население.

На состанокот присуствувале министрите за здравство, за туризам, за дигитална политика, за поморство и островска политика, замениците-министри за здравство, цивилна заштита, за координација на работата на владата, како и претседателот на Националната организација за јавно здравје и професорот епидемиолог надлежен за Ковид-19.


Коронавирусот бил присутен во Италија во декември, открива студија за отпадни води - МИА
Вести

Сто триесет и шест новозаболени од Ковид-19, 123 оздравени, шест починати

Скопје, 12 јули 2020 () – Сто триесет и шест нови случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа, оздравеле 123 заболени, а шест лица починале. Направени се 991 тестирања. Како што […]

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк - МИА
Вести

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк

Скопје, 12 јули 2020 () – По 20 дена во кои партиите и коалициите ја претставуваа својата понуда пред граѓаните, денеска завршува изборната кампања и од полноќ почнува изборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни […]

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии - МИА
Вести

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии

Скопје, 12 јули 2020 () – Граѓаните на Северна Македонија на предвремените парламентарни избори ќе можат да гласаат за кандидатските листи на 15 коалиции и партии со вкупно 1.578 кандидати, од кои 903 се мажи, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*