За фондот за опоравување, Хрватска подготвила 600 земјоделски проекти


За фондот за опоравување, Хрватска подготвила 600 земјоделски проекти - МИА

Загреб, 21 септември 2020 () – Речиси 600 земјоделски проекти се подготвени во Хрватска за финансирање од новиот Европски фонд за закрепнување, од кои третина се во висока фаза на завршување. Тоа денеска го нагласи хрватската министерка за земјоделство Марија Вучковиќ.

– Пред околу 20 дена, започнавме со пријави до базата на податоци за развојни проекти поврзани со земјоделството, а до вчера примивме речиси 600 регистрирани проекти, од кои една третина веќе потврдија големи проекти или целосно подготвена проектно-техничка документација, изјави таа.

Вучковиќ додаде дека проектите биле пријавени од мали земјоделци, единици на локалната самоуправа и преработувачката индустрија.

Хрватска може да смета на 200 милиони евра од фондот за земјоделска политика на следната генерација на ЕУ, но проектите за рурален развој може да се финансираат и од општ буџет што го доби според планот. Станува збор за 9,4 милијарди евра, од кои 5,94 милијарди се грантови.

Во наредниот седумгодишен буџетски период, 4,7 милијарди евра се на располагање на земјоделството – 4,5 милијарди од редовниот буџет од 2021 до 2027 година и уште 200 милиони од планот за закрепнување што треба да се потрошат во следните две до три години.


Вести

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Направени се 771 тестирања, а оздравени се 154 пациенти. Најголем број случаи се потврдени […]

Вести

Јованова-Грујовска: Проблемот е измислен, македонскиот јазик е реалност и таа тема е за нас завршена

– Македонскиот јазик е реалност, уставна категорија и тука нема дискусија. Нема потреба да си го губиме нашето време и нашата енергија како научници да објаснуваме нешто што светската лингвистика веќе го прифатила. Македонскиот јазик е […]

Анализата за екстра лесното готова, содржи три мерки што треба да се преземат како сет - МИА
Бизнис и економија

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот иста

– Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*