Вулин: Државата мора соодветно да одговори на насилството


Вулин бара казнување политичари во врска со вчерашните протести - МИА

Белград, 8 јули 2020 () – Насилните протести во Белград имаат една цел, а тоа е државен удар и земјата мора да одговори на соодветен начин, изјави српскиот министер за одбрана Александар Вулин во вечерашното телефонско вклучување за ТВ Пинк, порачувајќи дека силата на законот мора да го спречи насилството.

Тој истакна дека ова што се случува вечерва во Белград, Нови Сад и другите градови во Србија, како и тоа што се случуваше вчера, е обид за предизвикување граѓанска војна.

– Државата Србија ќе победи. Да го зачуваме владеењето на законот и на правото, како и политичката и секоја друга стабилност. Оние кои се обидуваат да го уништат се она кое го граделе претходните генерации мораат да знаат дека ќе се соочат со јасен одговор од државата, нагласи министерот за одбрана.

Вулин смета дека „овие собири се добро подготвени и организирани и освен насилство и обид за државен удар немаат друга цел. Тука не станува збор за вонредната состојба, ниту мерките на Кризниот штаб, туку само обид да се дојде на власт со насилство“.

– Ова се само обиди да се предизвикаат судири меѓу српскиот народ и да се урне, понижи и уништи српската држава, изјави Вулин за ТВ Пинк.


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 139 случаи со Ковид-19, еден починат, 239 оздравени пациенти

Скопје, 12 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, […]

Преговорите за новата влада по Илинден, ЕУ очекува стабилна коалиција и силен Парламент - МИА
Вести

В петок, според СДСМ, Заев ќе го добие мандатот, Мицкоски за нови избори ако се исцрпат можностите за формирање влада

Скопје, 12 јуни 2020 () – На два дена до рокот за доверување на мандатот за состав на Владата, официјално нема договор меѓу партиите кои освоија најмногу пратенички места. Од СДСМ тврдат дека Заев е […]

Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно се уште трицифрен, да се почитуваат мерките за заштита

Скопје, 12 август 2020 () – Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.885 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Почина една 51-годишна пациентка од Скопје. Регистрирани се 161 […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*