Вучиќ: Заев на отворање на јужниот крак на Коридор 10


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека на утрешното отворање на јужниот крак на автопатот на Коридор 10 низ Србија ќе присуствува и премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев.

– Милам дека пристигнувањето на Заев е важна вест и го покажува значењето на Коридорот 10, истакна Вучиќ во утринската програма на РТС, додавајќи дека од Белград до Северна Македонија сега ќе се стигнува за три часа.

Тој потсети дека на делницата на автопатот преку Грделичка клисура од 26,3 километри, претходеше отворањето на делницата од Грабовница до Грделица од 5,6 километри, потоа Владичин Хан – Врање од 28 километри, Левосоје – Српска куќа од 10 километри.

– Тоа беа најтешки делници. Тоа сега изгледа величенствено, но кога работите вредно и посветено, резултатите се евидентни, нагласи Вучиќ.


Вести

Собранието се распушти, изборите на 12 април

Собранието попладнево едногласно со 108 гласа „за“ ја донесе одлуката за самораспуштање во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори закажани за 12 април. Одлуката за самораспуштање беше поднесена од спикерот Талат Џафери, кој во своето […]

Вести

Незаборавни слики од ерупцијата на вулканот Питон де ла Фурнез (Видео)

Познатиот вулкан Питон де ла Фурнез, кој се наоѓа на францускиот остров во Индискиот океан Реунион, за прв пат оваа година на 10 февруари влезе во засилена еруптивна активност, јавува дописникот на МИА. Питон де […]