Вучиќ во Ерусалим- Тежок разговор со Ѓукановиќ, позициите се многу оддалечени


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека синоќа имал тежок и сложен разговор со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

-Долго зборувавме за положбата на српскиот народ и за неодамна донесениот закон за верски слободи во Црна Гора. Се согласивме дека нашите ставови и позиции се многу оддалечени и дека не може да се постигне заеднички став за овие прашања, изјави Вучиќ за „Блиц“.

Вучиќ оцени дека се согласил со Ѓукановиќ наскоро да ги продолжат разговорите.

-Разговаравме како цивилизирани и одговорни луѓе, свесни дека Србија и Црна Гора никогаш не треба да бидат антагонизирани една на друга и дека е потребно да се продолжат разговорите што е можно поскоро, кои ќе доведат до натамошно намалување на тензиите и изнаоѓање решенија, кажа Вучиќ,.

Тој додаде дека е разговарано и за европскиот пат на Србија и Црна Гора и е договорена поголема меѓусебна координација на идните настапи пред европските институции и за продолжување на разговорите за поголема слобода и брзина на проток на стоки, луѓе, капитал и услуги во регионот (мал Шенген).

Претседателите на Србија и Црна Гора разговараа за време на официјалната вечера која домаќинот, израелскиот претседател Рувен Ривлин ја приреди за 40 светски лидери, пред денешната комеморативна церемонија по повод 75-годишнината од ослободувањето на затворениците од нацистичкиот логор Аушвиц-Биркенау.


Вести

АЕК: Ќе се блокираат повиците од странски неидентификувани броеви, граѓаните да не одговараат

Телекомуникациските оператори ќе ги блокираат броевите од кои што кон  домашни корисници од претпладнето има голем број неидентификувани повици од странство и во текот на денов таквите повици ќе престанат, изјави за МИА директорот на […]

Вести

Гордана Јанкулоска сведочеше за „Монструм“

– Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка, биле информациите за убиството на четирите mомчиња и рибарот на Смилковскоро езеро, кои доаѓале до Гордана Јанкулоска која во 2012 беше министерка за внатрешни работи. Таа денеска во […]

Вести

Милошоски и ја предаде на Русковска аудио снимката што ја пушти на собраниска комисија

–  Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја предал аудио снимката, која како што вели, ја добил од укажувач, а на која се претпоставува дека се слуша гласот […]