Вучиќ вечерва во Берлин се состанува со Гренел


– Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе учествува на 56-тата Минхенската конференција за безбедност, каде ќе има серија билатерални средби со официјални претставници од светот, претставници на меѓународните организации и компании, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ најави дека вечерва ќе се сретне со специјалниот претставник на претседателот на САД за разговорите меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, со кој, како што кажа, ќе разговара и за можноста за постигнување на договор за воспоставување на железничка линија меѓу Белград и Приштина, додолку се договорат сите детали на таа иницијатива на Гренел.

Во пресрет на конференцијата во Минхен, Вучиќ оцени дека конфренцијата е од големо значење за Србија, бидејќи ќе може подобро да процени кои се „понатамошните чекори на Приштина, кои се чекорите на Германците, Американците и на сите други во меѓународната заедница“.

Соговорници на Вучиќ ќе бидат и в.д. помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Филип Рикер, како и некои истакнати американски сенатори.

Исто така, претседателот на Србија ќе разговара со Дејвид Вадефул, шеф на работната група за Западен Балкан во германскиот Бундестаг, како и со советникот на германската канцеларка Ангела Меркел за надворешна политика и безбедност, Јана Хакер и со други политички претставници.

Српскиот претседател ќе учествува и на тркалезната маса за безбедност на Балканот „Координација, соработка, консолидација? Поттикнување на напредокот на земјите од Западен Балкан“.


Вести

Снимки и нови нови материјални докази на „Рекет”

–  Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Рекет” во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски- Кичеец кој […]

Вести

Собранието се распушти, отворен патот за избори на 12 април

– Собранието едногласно со 108 гласа „за“ ја донесе одлуката за самораспуштање во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори закажани за 12 април. Претходно распуштањето на Парламентот беше најавено за 12 февруари, но претседателот на […]

Вести

Течат роковите за спроведување на изборите на 12 април

Откако претседателот на Собранието Талат Џафери денеска го потпиша решението за распишување на предвремените парламентарни избори на 12 април, течат роковите за нивно спроведување. Државната изборна комисија на вечерва одржаната седница го усвои Роковникот за […]