Вучиќ разговараше со украинскиот амбасадор: Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина

vucic-voldimirir
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска разговараше со украинскиот амбасадор Володимир Толкач, кому му го пренесе ставот на Србија за прашањето за неповредливоста на границите и почитувањето на Повелбата на Обединетите нации, нагласувајќи дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина и ќе продолжи да го прави тоа во иднина.

Искрен и отворен разговор со амбасадорот Толкач за билатералната соработка, за подобрување на севкупните односи на нашите земји, за регионалните и светските прашања, како и за ситуацијата во Украина, објави Вучиќ на Инстаграм профилот .


Минатата недела Вучиќ во Атина се сретна со претседателот на Украина Володимир Зеленски и по разговорот со него рече дека двете земји го почитуваат територијалниот интегритет на другата земја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK