Вучиќ: Наскоро преговори за изградба и на пругата Ниш – Прешево


Вучиќ: Наскоро преговори за изградба и на пругата Ниш – Прешево - МИА

Белград, 1 август 2020 () – Наскоро ќе започнат преговори со европските и руските партнери за изградба на железничката пруга Ниш – Прешево, најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тој на прес-конференцијата на која претстави големи инфраструктурни проекти оцени дека „е важно Србија да има комплетна железница со Северна Македонија“.

Како што јави дописникот на од Белград, вицепремиерката Зорана Михајловиќ, пред два дена го дообјасни овој иден крупен инфраструктирен проект на Србија, со кој, покрај модернизацијата на брзата железница од Белград преку Нови Сад до Будимпешта, која ќе биде готоваа следната година, кажа дека Србија следната 2021 година ќе почне со градба и на брза железница од Белград до Ниш, која ќе биде со брзина од 200 километри на час.

– Ова е инвестиција со проценета вредност од две милијарди евра, ќе работиме со кинески партнери, кои имаат големо искуство на вакви проекти. Овде не станува збор само за поврзување на градови, туку за регионално поврзување, бидејќи не постои поважен магистрален коридор од Коридорот 10, истакна српската министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура.


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*