Вучиќ-Гренел: Стоп за кампањата за повлекување на признавањето и укинивање на косовските такси


– Економијата, унапредување на животниот стандард со подобро економско и ифаструктурно поврзување, укинување на таксите и стопирање на кампањата за повлекување на признавањата на Косово, беа во фокусот на денешните разговори во Белград меѓу српскиот претседател Алекандар Вучиќ и специјалниот пратеник на американскиот преседетал за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ние разговаравме за натамошно инфраструктурно поврзување меѓу Белград и Приштина, подготвени сме да ги забрзаме подготовките за изградбата на автопатот со американски компании и разговаравме за воспоставување на железничка линија меѓу Белград и Приштина, но за ова многу значајно е таксите да се укинат, оти е бесмислено да имаме железнички сообраќај без стоки, изјави Вучиќ кој додаде дека за една година Србија имала загуби поради таксите од 435 милиони евра.

Говорејќи за пораките на Гренел од Приштина во врска со кампањата за повлекување на признавањето на Косово, Вучиќ истакна дека Белград и понудил на Приштина договор за пауза во аплицирањето за членство во меѓународни организации и за признавањето, како и во кампањата за повлекување на признанавањата, посочувајќи дека Приштина своевремено ова не го прифатила.

Тој истакна дека не прифаќа знак за еднаквост помеѓу повлекувањето на признанавањата и таксите на Приштина.

-За мене тоа не е исто, затоа што таксите се воведени без причина. Не може да биде „танте за кукурику“, како што се вели кај нас, но мора да биде танте за танте, рече Вучиќ, кој додаде дека не е спорно да се обидеме да постигнеме компромисно решение и затоа Србија е подготвена да разговара со Гренел, „оти од сето ова за што разговаравме, сите можеме да имаме корист“.

Гренел на заедничката прес конференција рече дека на средбата е разговарано и за железничкото поврзување меѓу Белград и Приштина, за што најави разговори веќе во понеделник во Берлин со Хашим Тачи, да се покрене оваа линија покрај разговорите за покренување на авиолинија.

Тој исто така кажа дека на средбата, како и вчера во Приштина порачал дека таксите од 100 проценти за српските стоки треба да се укинат и дека се неприфатливи.

– Истото барање го пренесувам и овде, а тоа е она што е поврзано со кампањата за повлекување на признавањата, која мора да престане, рече Гренел, додавајќи дека „мора да се движиме во правец на економијата“, создавање нови работни места, што значи укинување на таксите што ќе доведат до поголемо богатство и понормална состојба кога станува збор за трговијата.

-Не можам да ја предвидам иднината. Можам да кажам дека навистина чувствуваме одредена возбуда и енергија кога се движиме напред. Мислам дека напредувавме и дека остануваме на тој пат, подвлече тој.

Гренел посочи и дека обете страни ќе седнат, и доколку не седнат и не дојдат до разумно решение, тогаш САД ќе се повлечат.


Вести

Заев и Мицкоски во домашна изолација поради контакт со заболен од ковид – 19

Скоипје, 9 април 2020 () – Лидерите на двете најголеми политички партии Зоран Заев на СДСМ и Христијан Мицкоски на ВМРО-ДПМНЕ од денеска се во задолжителна домашна изолација, соопшти денеска на вонредна прес – конференција […]

Починат притвореник во затворот во Шутка позитивен на Ковид 19 - МИА
Вести

Починат притвореник во затворот во Шутка позитивен на Ковид 19

Скопје, 9 април 2020 () – Притвореник во затворот Скопје во Шуто Оризари, примен на 8 март оваа година, кој починал од срцев удар, без симптоми за коронавирус, посмортем му е потврден Ковид 19, соопшти […]