Во земјотресот во Турција загинаа најмалку 20 луѓе, повредени се над 900



– Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди источниот дел на Турција синоќа се искачи на 20, и 920 повредени, соопштија официјалните лица.

Земјотресот бил со јачина од 6,9 степени и почувствуван во соседните земји, Сирија, Либан и Иран.

Според турската агенција за управување со вонредни состојби, 16 лица загинале во Елазиг, а уште четири во соседната провинција Малатија.

Повредените биле згрижени во болниците во регионот.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека спасувачите трагаат по 30 лица за кои се верува дека се под урнатините.

Дирекцијата за управување со вонредни ситуации (АФАД) соопшти дека епицентарот на потресот е регистиран во местото Сивриџе, недалеку од градот Елазиг.

АФАД формираше кризен штаб, а од бројни турски градови во Елазиг се упатени голем број спасувачки служби.

Земјотресот се почувствува и во околните  градови Адана, Хатај и Османије, дури на подрачјето на северните делови на Сирија и Ирак.

Од АФАД исто така е потврдено дека по овој земјотрес се регистрирани уште 60 дополнителни потреси со послаб интензитет, меѓу кои осум посилни со интензитет од 4.0 по Рихтер.

Претседателот на Големото народно собрание на Република Турција Мустафа Шентоп изјави дека по вечерашниот земјотрес сите надлежни институции и служби се на терен.

Во регионот погоден од земјотресот на граѓаните им се дадени на располагање јавните домови, спортските сали, училишта и други објекти кои можат да послужат за привремено сместување, јави Анадолија.


Вести

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Владата на денешната 7-ма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици […]

Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Бизнис и економија

Онлајн дискусија: За ефективни министри потребни се интегритет, работа и тим и вложување во администрацијата

– Три елементи се клучни за да понудиме резлтат во која било област што ја работиме – интегритет, работа и тим, потребно е и чувство дека како Министерство за одбрана сме дел од еден тим кој […]