Во Србија 5.679 нови случаи на коронавирус, 48 лица починаа



 

Според последните информации, во Србија се регистрирани 5.679 нови случаи на коронавирус, а 48 лица починале.

Вкупно 318 пациенти се на респиратори.

Во последните 24 часа биле тестирани 16.886 лица.

Овој викенд, како и претходниот, во Србија се на сила рестриктивни мерки, односно сите објекти освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи се затворени до понеделник во 5 часот наутро.