Во Сомбор одржана македонска образовна недела во рамки на српско-македонската културна размена


Во рамки на шестата Активна српско-македонска културна недела (СРМА) во Сомбор се одржа Македонска образовна недела во западнобачкиот округ за македонската историја, јазик, книжевност и музика, јави дописникот на МИА од Белград.


 

Организатор на македонската образовна недела беше Здружението на Македонци од Западнобачкиот округ ПЕЛА, а  беше финансиски поддржана како проект од страна на срското Министерство за човекови и малцинаски права.

За време на тридневната образовна недела, Македонците и Србите од Сомбор и овој регион во Србија имаа можност да се запознаат со македонската историја, книжевност, музика преку предавањата на македонски и српски предавачи и професори, меќу кои и проф.д-р. Жељко Милановиќ од Филозовскиот факултет во Нови Сад, поранешниот претседател на Сојузот на писатели на Србија Радомир Андриќ, македонскиот новинар и историчар Оливер Бранковиќ, музикологот м-р Мирјана Соколова Ѓокиќ, писателот Виктор Шеќеровски и други.

Беа емитувани и документарно-играни филмови од македонската историја, поставена изложба на вињети и карикатури на познати српски и македонски личности,  промовирани збирките на песни на писателот Виктор Шеќеровски и Душица Илин, академик Рајко Игиќ од Сомбор, а присатните можеа да ја чујат и македонската етно музика и да се запознаат со големината на делото на Крсте Петков Мисирков.

Во рамки на Македонската образовна недела, в.д амбасадорката на Р.Северна Македонија во Белград, Михаела Веселинов  со преставниците на здружението Пела предводени од д-р Лилјана Соколова и учесниците на манифестацијата беа примени од заменик на градоначалникот на Сомбор Љиљана Тица.