Во Словенија откриени затајувања на данок во вредност од 38 милиони евра



Во Словенија откриени затајувања на данок во вредност од 38 милиони евра - МИА

Љубљана, 7 јули 2020 () – Љубљанската полиција денеска ги објави резултатите од двете успешни долгогодишни меѓународни истраги, во кои се откриени затајувања на данок со вкупна вредност од 38 милиони евра.

Една од истрагите се однесувала на трговија со електронска опрема, во која учествувале компании од повеќе европски земји, а во другиот случај станува збор за трговија со отпаден метал.

За извршените кривични дела во двата случаја би можеле да бидат изречени казни затвор во траење од една до осум години.

Во првиот случај се покренати кривични пријави против три словенечки компании и 17 лица, од кои осуммина словенечки државјани, шестмина државјани на Велика Британија и тројца државјани на Италија.

Нивните компании, како што се наведува, издале фактури за непостоечки бизниси, во вредност од речиси половина милион евра, а буџетот на Словенија на тој начин е оштетен за 12 милиони евра. Во втората истрага, во која е утврдено затајување на даночни приходи во износ од 26 милиони евра, е поднесена кривична пријава против 11 лица од широкото подрачје на Љубљана и од Домжале.


Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*