Во Сирија се уште се наоѓаат 73 албански граѓани


– Во Сирија се уште се наоѓаат 73 албански граѓани, за чие враќање албанските власти подготвуваат посебен план.

– Во финална фаза е подготовката на акцискиот план за дел од своите граѓани кои чекаат да се вратат и да се реинтегрираат. Тоа во многу тесна и динамична соработка со институциите за спроведување на законот, со Обвинителството, полицијата, но и со локалната власт. Во исто време, разгледани се и други компоненти, социјални, економски, психијатриски и едукативни, изјави за „Топ чанел“ координатор на Центарот за борба против насилниот екстремизам, Агрон Сојати.

Според истиот извор за финализирањето на операцијата за враќање на албанските граѓани од Сирија, постои одреден скептицизам, поради опасноста од нивното доаѓање што се чувствува меѓу граѓаните во Албанија. Посебно постои загриженост околу разбирањето и подготвеноста на граѓаните на Албанија да помогнат.

На боиштата во Сирија и во Ирак, на страната на Исламска држава војувале околу 150 албански граѓани, а потврдена е смртта на 26 од нив.


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 141 случај со Ковид-19, двајца починати, 175 оздравени пациенти

Скопје, 13 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-48, Куманово-21, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Струга-1, Битола-7, Кавадарци-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-4, Кочани-4, […]

Вести

Џафери доби внук, денеска нема продолжение на конститутивната седница

Скопје, 13 август 2020 () – Во Собранието денеска нема да се одржи продолжението на конститутивната седница на новиот парламентарен состав што вчера ја најави претседавачот Талат Џафери. Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат […]

Собранието конституирано, претседателот на десетиот состав ќе се избере кога ќе се создават услови - МИА
Вести

Неизвесно денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието

Скопје, 13 август 2020 () – Неизвесно е одржувањето на денешната седница на Собранието што вчера ја најави претседавачот на новиот парламентарен состав Талат Џафери. Од собраниските служби засега нема никакво официјално соопштение, а седницата […]