Во последните три години Албанија ја напуштиле 16 илјади медицински сестри

albanija-medicinski-lica
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Здружението на медицински сестри, Елсон Јачај, изјави дека во последните три години Албанија ја напуштиле 16 илјади медицински сестри и оти за работа тие главно ги избрале Германија и Италија.

-Реално, во болниците се менуваше само надворешната фасада. Но, внатрешната реалност на тешкотиите што ги имаат на нивните работни места продолжува да биде иста. Ако погледнеме назад од времето на пандемијата до денес заминати се над 16 илјади медицински сестри, бидејќи времето на пандемијата го користеа сите со следење онлајн курсеви за странски јазици. Во моментот кога се отворија сите патишта веќе беа подготвени и заминаа од Албанија, вели Јачај за Ора њуз.


Меѓу оние кои заминале, има и такви кои имаат долгогодишно искуство.

-Единствено што можам да додадам е дека ни е жал што и искусните медицински сестри си заминуваат. Можам да кажам дека медицинските сестри со над 10 години искуство понекогаш избираат да заминат и тоа не е добро, рекол Ералд Чочка, медицински техничар.

Што се однесува до Студим Хисен, обезбедувањето услови за работа е многу важно за да се задржат неговите колеги во Албанија.

– За да биде ценета една медицинска сестра во својата земја, мора да се понудат што е можно повеќе услови кои се основни за работа, вели тој.

Меѓу заминатите, додава тој, има медицински сестри со средно, но и со високо образование, што условува недостиг на овој кадар во земјата.

Премиерот Еди Рама, а потоа и министерката за здравство Огерта Манастирлиу, најавија висок процент на зголемување на платите во здравствениот сектор, па колку тоа ќе помогне здратсвените работници да не ја напуштат земјата останува да се види.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK