Во Косово упасени двајца Срби осомничени за воени злосторства во 1998-99 година

aps_465645
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Косовската полиција соопшти дека денеска уапсила лице од српска националност, за кого постои сомневање дека извршил воени злосторства за време на војната во Косово во 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според полициското соопштение, 69-годишниот Србин, со иницијали Ж.З., во времето за кое се сомничи дека ги извршил злосторствата врз цивили Албанци, бил шеф на полициска потстаница во селото Ракош во општина Исток.


Апсењето на Ж.С. уследи ден откако, под истото обвинение, беше приведен и неговиот надреден, односно шефот на полицијата во Исток, Момир Пантиќ.

– Полициските истражители од Управата за истражување на воени злосторства (ДХКЛ) успеаја денеска, 05.08.2023, околу 12:30 часот, во селото Љубожде, општина Исток, да го локализираат и уапсат осомничениот Ж.З., роден 1954 година, за кого постои сомневање дека го извршил кривичното дело „Злосторства против цивилното население“, извршено во текот на 1998-99 година во општина Исток. Уапсениот е приведен во седиштето на ДХКЛ, каде што ќе се интервјуира во присуство на негов адвокат, се вели во полициското соопштение.

Во петокот, 4 август, косовската полиција на граничниот премин Мердаре, при влез во Косово од Србија, го уапси и поранешниот шеф на полициската станица во Исток, Пантиќ, исто така осомничен за воени злосторства врз цивилното население во војната од 1998-99 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK