Во Косово ќе се тестираат само лицата со симптоми на Ковид-19, не и случаите на контакт


Косово/Ковид-19: Нови четворица заразени и 22 излекувани, активни 426 случаи - МИА

Приштина, 22 јуни 2020 () – Министерството за здравство на Косово одллучи на неопределено време да го прекине тестирањето за Ковид-19 на случаите на лица кои имале контакт со носители на новиот коронавирус, јави дописникот на од Приштина.

Според одлуката испратена до неколку општини, по препорака на Институтот за јавно здравство на Косово, одсега ќе се врши тестирање само на лицата хоспитализирани на Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово и на оние со потешки симптоми на болеста.

Информацијата за весникот „Зери“ ја потврдија претставници на локалните власти во Приштина, Гњилане и Глоговац, кои велат дека, откако ќе се добијат резултатите на веќе извршените тестирања, ќе се продолжи со третирање единствено на лицата кои пројавуваат симптоми.

Последниве денови во Косово имаше значително зголемување на бројот на лица кај кои е откриено присуството на коронавирусот, така што бројката на заразени се искачи на над 2.100, од 1.300 колку што беа пред десетина дена. Бројот на активни носители на вирусот во истиот период се зголеми од 370 на 1.086, според последниот официјален извештај.


Вести

Радикален исламист вооружен со нож уапсен во центарот на Лион

Француската полиција уапси радикален исламист во центарот на Лион. Според информациите објавени од француските медиуми, уапсеното лице (роден 1994 година) им било од претходно познато на разузнавачките служби. Тој бил облечен во џелаба и воена […]

Пендаровски со порака до учесниците во Охрид Ултра-Треил – Одржувањето на трката и покрај пандемијата говори за истрајност, солидарност и тимски дух - МИА
Вести

Нема потреба од нова вонредна состојба, став на Советот за безбедност

Нема потреба од воведување нова вонредна состојба, досегашните мерки и препораки за заштита од Ковид-19 се во насока на максимална заштита на здравјето на граѓаните, порачаа денеска претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*