Во Косово 186 заразени и двајца починати од Ковид-19 последните 24 часа


Нова жртва на Ковид-19 во Косово, вкупно 33 починати - МИА

– Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на 663, откако двајца пациенти кај кои бил откриен коронавирусот починаа во последните 24 часа, јави дописникот на МИА од Приштина.



Според Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), вчера се откриени 186 новозаразени, така што бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата се искачи на 17.943.

Во дневниот извештај на ИКШПК се наведува дека болеста, вклучително вчерашните 54 излекувани, досега ја совладале вкупно 15.088 лица.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствени власти, во земјата моментно има 2.192 активни носители на вирусот.

Последната недела речиси двојно е зголемен бројот на испитаници според методот РТ-ПЦР во лабораториите на ИКШПК низ земјата и тој секојдневно се движи околу илјада. Така, минатото деноноќие се извршени 1.049 тестирања, со што бројката на тестирани лица за кои постоело сомневање дека се заболени од Ковид-19 од почетокот на епидемијата достигна до 87.147. 


Вести

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2864 тестирања, а регистрирани се 1160 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-472, Куманово-58, Дебар-2, Штип-43, Прилеп-78, Тетово-61, Струга-29, Велес-32, Битола-87, Охрид-47, Кавадарци-32, Гостивар-22, Гевгелија-1, […]

Штрајк на вработени во „Амазон“ во Германија - МИА
Вести

Тридневен штрајк на вработените во „Амазон“ во Германија

Околу 2.500 работници на „Амазон“ во Германија почнаа тридневен штрајк денеска, временски закажан за да ја нарушат продажбата за време на „црниот петок“. Штрајкот, повикан од моќниот синдикат Верди, треба да трае до сабота и […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*