Во карантин полицајци и уапсени лица од атинска полициска станица


До смрт избоден мигрант во кампот Мориа на грчиот остров Лезбос - МИА

Атина, 20 агуст 2020 () – Во 14-дневен карантин се шест полицајци и сите упасени лица кои биле во притвор во атинската полициска станица „Омонија“, откако еден уапсен Албанец кој требало да биде депортиран од Грција, било потврдено дека е позитивен на коронавирусот, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на од Атина.


 

Според истите информации, уапсениот утрово имал покачена температура, бил пренесен во болница и тестиран за Ковид-19, а по позитивниот резултат во карантин се сите шест полицајци кои биле во контакт со него, како и останатите уапсени во полициската станица.