Во карантин центар за згрижување на деца бегалци без придружба во Грција


Во карантин центар за згрижување на деца бегалци без придружба во Грција - МИА

Атина, 1 септември 2020 () – Поради регистрирани 28 позитивни случаи на Ковид-19, центар за згрижување на деца бегалци без придружба во атинска населба, од синоќа е во 14дневен карантин, јави дописничката на од Атина.


 

Од Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција соопштија дека одлуката е по наредба на заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас, а заклучно со 14 август 2020 година, забранет е влез и излез од конкретниот центар, со исклучок на вработените.

Според медиумите во Грција, во центарот за грижа на деца бегалци без придружба, сместени се 40 деца, од нив 20 се заразени со коронавирусот, а осум од позитивните лица се вработени.