Во две седмици настава во Србија – заразени 52 ученика и 20 вработени



Во две седмици настава во Србија – заразени 52 ученика и 20 вработени - МИА

Белград, 16 септември 2020 () – Во првите две недели од настава во основните и средните училишта, вкупно 52 ученици и 20 вработени се заразени со коронавирус, изјави српскиот министер за образование, Младен Шарчевиќ.

Тој во изјава за ТВ Пинк прецизира дека 25 ученици биле заразени во 1.250 основни училишта во Србија и дека од таа бројка шест ученици не доаѓале на училиште.

Шарчевиќ додава дека се работи за спорадични случаи, имајќи предвид дека во училиштата во Србија има околу 850.000 ученици.

Српскиот министер потенцира дека децата доаѓаат во училиштата со маски, се одржува растојанието, дека наставниците завршиле добра работа и дека училиштата денес се најбезбедно место, каде можноста за пренесување на инфекцијата е многу помала отколку во парковите, спортските терени каде децата обично се дружат вон настава..

Тој уште рече дека просветниот инпекторат секојдневно контролира дали се спроведуваат превентивните мерки во училиштата.


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*