Во Букурешт во моментов нема вакцини за сите заинтересирани граѓани


МЗ: Вакцините што се користат во земјава се од реномирани производители и одобрени од СЗО - МИА

Бројот на пријави за вакцинација против коронавирус во Букурешт е поголем од сегашните распложливи количества на вакцини, што предизвика незадоволство кај заинтересираните граѓани, јави романскиот Национален комитет за координација на вакцинацијата.



Регистрацијата на заинтересираните граѓани за вакцинација зависи од количеството на дози на вакцини што се достапни во моментот на пријавувањето, како и од тековната динамика на пријави, соопшти Комитетот.

Според податоците на властите во Букурешт, за вакцнирање во следните 20 дена се пријавиле 62.182 граѓани, а просторот за регистрирање сега е целосно исполнет, пренесе Тасс.

„Дозите на вакцини пристигнуваат во Романија според планот на производителот. Веднаш штом вакцините ќе пристигнат во земјата, страницата за известување ќе се ажурира и ќе биде можна пререгистрација за вакцинација”, се додава од Комитетот.

Поради големиот број пријави, страницата за регистрирање беше падната и цели три часа беше надвор од употреба.

Во моментов во Букурешт се отворени седум центри за вакцинација, во кои дневно можат да се вакцинираат до 1.500 лица со вакцината на „Фајзер“ или на „Модерна“ .

Низ цела Романија има отворено 192 центри за вакцинирање во кои дневно можат да се вакцинираат 18.240 лица. Досега во Романија се вакцинирани 196.090 граѓани.