Во бродската несреќа во Црно Море загинаа четворица морнари


Шест моранари се спасени, а четворица загинаа откако украински товарен брод до 12 членови на екипажот денеска потона во близина на брегот на турската провинција Бартин.



Гувернерот на провинцијата Бартин, Синан Гунер соопшти дела потрагата е прекината поради лошите временски услови, но оти хеликоптрите ќе продолжат да го надлетуваат местото на несреќата.

Првично беше објавено дека бродот што потона во Црно Море е руски, за подоцна да биде објавено дека бродот пловел под знаме на Палау, а бил во сопственост на украинска компанија, а бродот бил отстранет од рускиот регитер во 1997 година.

Украинското Министерство за надворешни работи потврди дека на бродот имало 10 Украинци и двајца Руси.