Во Албанија за една деценија 126.000 основци помалку


Во Албанија за една деценија 126.000 основци помалку - МИА

Тирана,15 септември 2020 () – Бројот на ученици во основните и средните училишта во Албанија рапидно се намалува и ова е поизразено во основното образование.



Институтот за статистика, ИНСТАТ, објави дека бројот на ученици во основното образовение во последната деценија е помал за 30 отсто, додека во споредба со првата година од транзицијата, 1991 година, за 45 отсто.

-Минатата година во основно образование биле запишани 295.000, во 2010 година 421.000 додека во 1991 година над 540.000 ученици. Основното образование денеска има околу 126.000 ученици помалку споредено со бројот на основците пред една деценија,или околу 295.000, потврдуваат статистичките податоци на ИНСТАТ.

-Намалениот наталитет и големата емиграција се двата фактори што ги празнат училиштата и ќе станат предизвик за одржливиот развој на земјата.Индексот на наталитет во 60-тите години на минатиот век беше 6,8 раѓања по жена, во 2001 година 2,1 раѓање, во 2011 година 1,7 и на 1,36 деца во 2019 година,наведуваат албанските медиуми.

Според податоците на Евростат Албанија,во 2018 година, е рангирана меѓу 7-те земји со најниска стапка на наталитет во Европа, оставајќи ги зад себе само Грција, Кипар, Италија, Шпанија, Малта и Украина.

Медиумите наведуваат дека во училиштата малку се вложува за создавање соодветни услови за нормално одвивање на наставата, дури многу помалку споредено со периодот на комунизмот, кога имало многу повеќе ученици.

Во меѓувреме од вчера нов министер за образование, спорт и млади е Евис Куши, актуелна пратеничка од Елбасан. Таа доаѓа на местото на Беса Шахини,која се враќа во Косово од каде и е.Ова е прва смена на министер што ја прави премиерот Еди Рама од јануари минатата година.

Куши вети дека ќе стои се за подобрување на условите во училиштата, како и заштита на здравјето на учениците и наставниот кадар во актуелните услови на пандемија со Ковид-19.вт


Вести

Најмалку 37 полицајци и жандарми се повредени во судирите со демонстрантите во Париз

Според првичниот извештај на францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманан, 37 полицајци и жандарми се повредени за време на демонстрациите во Париз, јави дописникот на МИА. Министерот за внатрешни работи на Твитер го осуди […]

Вести

За еден ден во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 52 пациенти, вкупно се лекуваат 437 лица со Ковид-19

– Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 52 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 437 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Вести

Македонскиот јазик и идентитет се неспорни, можен патоказ кон Договорот со Бугарија, но не како дел од преговарачката рамка

– Македонскиот јазик и идентитет не се предмет на преговори, потенцираа вчера високи претставници на Владата и напоменаа дека темната страна на историјата треба да остане зад нас, а решенијата со Бугарија да се бараат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*