Во Албанија највисока бројки на новозаразени, но и на оздравени во едно деноноќие досега



Во Албанија највисока бројки на новозаразени, но и на оздравени во едно деноноќие досега - МИА

Тирана, 11 август 2020 () – Во последното деноноќие во Албанија регистран е нов негативен рекорд на новозаразени со Ковид-19, но и највисока бројка на оздравени.

-Во изминатите 24 часа Ковид-19 е дијагностициран кај 140 лица, што е највисока бројка досега, од кои половина се во Тирана. Во исто време битката со опасниот вирус ја добија 101, што, исто така, е највисока бројка на оздравени досега во едно деноноќие. За жал битката со опасниот вирус ја загубија петмина пациенти, стои во соопштението на Министертвото за здравство и социјална заштита.

Се додава дека до сега во земјата се направени 47.051 тест(со последните 603), позитивни на вирусот биле 6.676, закрепнале 3.480 а починале 205 пациенти. Активни на болеста се 2.991 лице.

По низата дневни рекордни бројки на новозаразени со Ковид-19 во земјата и не мал број починати, албанскиот претседартел Илир Мета побара што поитно да се почне со лекување на болните со крвна плазма од лица кои ја прележале болеста.

Тоа, како што наведува, од искуството во други земји,каде оваа терапија се покажала како доста корисна. Додава дека е многу значајно да се побара помош од Италија, како земја со исклучително искуство во спроведувањето на овој протокол.


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 32.885.863 лицe. Од нив починале 995.352 пациенти, а оздравеле 24.260.574 луѓе. -Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 315 нови случаи на […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Регистрирани 141 случај со Ковид-19, еден починат, 94 оздравени пациенти

Во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 случај со Ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-12, Штип-6, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-2, Велес-2, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-2, Гевгелија-5, Струмица-10, Крива Паланка-2, Кочани-5, Пробиштип-1, Валандово-3, Виница-3, […]

Вести

Пендаровски и Пахор во Охрид на показна вежба на армиските специјалци

– Претседателите на Северна Македонија и на Словенија Стево Пендаровски и Борут Пахор денеска го посетија Кампот за обука на вода на Армијата на Република Северна Македонија, од каде ја следеа показната вежба на припадниците […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*