Во Албанија 832 новозаразени и 12 починати од Ковид-19


Во последното деноноќие повторно висока бројка на новозразени со Ковид -19 во Албанија, но забележан е и највисок процент на новозразени од тестираните.



-Во последните 24 часа направени се 2.176 тестови, при што позитивен резултат е добиен кај 832 лица што е 38 отсто од тестираните. Во исто време 535 ја добија битката со опасниот вирус, додека починаа 12 лица сите во болнички услови, информираше Министертвото за здравство и социјална заштита.

Според истиот извор од почетокот на март до сега направени се 192.620 тестови, позитивни биле 39.014, оздравеле 19.384, починале 822, додека активни на болеста се 18.808 лица.

Како последица на зголемувањето на бројот на пациенти и пополнувањето на капацитетите во останатите три болници,како што изјави министерката Огерта Манистрилиу,отворена е и четвртата ковид болница.

Во четирите болници хоспитализирани се 506 пациенти, од нив 39 се на интензивна терапија а 11 се интубирани.

Министерката соопшти дека е надминат и проблемот на кој се жалеа роднините на хоспиталзираните дека не може да достават потребни нешта и да се информираат за состојбата на своите блиски кои се на болнички третман.

На средбата што ја имала со дел од нив пред Инфективната клиника сопшти дека тоа ќе може да го прават секој ден од 9-11 и од 16-17 часот на информативни центри кои ќе бидат поставени пред болниците.