(Видео) Уште една девојка прегазена со автомобил во Белград

13-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска женско лице удрило студентка на улицата Јурија Гагарина во Нов Белград, откако со своето возило влетала во насобраните граѓани.


Полицијата во цивилна облека која беше со учесниците на протестот во Нов Белград ја запре М.С.(25) која се обиде да побегне и ја уапси.

Таа со возилото Цитроен ги удрила обезбедувачите на почетокот на колоната, а потоа продолжила понатаму и така „закачила“ уште неколку од нив.

Денеска во Србија има генерален штрајк кој студентите во блокадата го најавија претходните денови. Покрај факултетите низ земјава и дел од основните и средните училишта, денеска стопираат и многу фирми, културни установи, угостителски објекти, мали бизниси, организации.

Во градовите ширум Србија денеска се собираат граѓани во знак на поддршка на барањата на студентите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK